Денеска не излегувајте без чадор

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно и не многу студено, а првите врнежи ќе почнат претпладне од југозапад и ќе се почесто од снег. Потоа, како што информираат синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата но ќе се повеќе од дожд, а само на планините ќе бидат од снег.

Loading...

Врнежите ќе се поинтензивни на југоисток и исток, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 6 степени.

Во следните денови поради циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а само од снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено утре попладне и во текот на ноќта (на југоисток над 25л/м2), како и во ноќта кон петок и петок кога врнежите ќе бидат претежно од снег.

Leave a Reply