Денеска и утре без струја делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Loading...

Денеска во период од 08:00 до 09:30 часот  без напојување ке бидат корисниците од улицата „Пчињска“

Во период од 08:00 до 09:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од локациите: „Ловечки дом“, „3 МУБ“, „Борко Соколов“, Месна индустрија – „Косиљак“ и „Гроздановски“.

Без струја денеска во период од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улиците: „АВНОЈ“, „Видое Смилевски Бато“ и „Васко Карангелески“.

Прекини се најавени и за утре, па така во период од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“, „Никшичка“ и „Панчевачка“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово

Од 07:30 до 14:30 часот утре без напојување ќе останат корисниците од улицата „Бајрам Шабани“.

Никола Ивановски