Денеска футсал турнир „Пехар на Градоначалникот“, утре улична атлетска трка

Сподели со своите пријатели

Во рамките на спортската програма за одбележување на Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември денеска ќе започне турнир во футсал, додека утре ќе се одржи традиционалната улична атлетска трка.

Loading...

Со почеток во 10 часот денеска ќе се одржи средношколски футсал турнир под насловот „Пехар на Градоначалник“ кој ќе се одржи во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Утре уличната атлетска трка ќе се одржи низ улиците во централното градско подрачје со почеток во 12 часот.

Во рамките на истата програма на 12ти со почеток во 20:30 часот ќе се одржи Аикидо семинар во салата на Аикидо клуб Агатсу.

Куп во спортско риболовство ќе се одржи в недела на реката Пчиња со почеток во 7 часот наутро.

Програмата ќе ја заврши Рапид турнир во шах кој в недела ќе се одржи со почеток во 10 часот, додека од 17 е закажан брзопотезен турнир.

Досега од истата програма се одржаа Бадмингтон турнир, турнир во пинг-понг како и средношколски турнир во кошарка.

Никола Ивановски

Loading...