Денеска до максимални 36 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  

Loading...

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 28 до 36 степени.

И утре ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура дополнително ќе се намали.

Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст, а за време на викендот се очекува попладневна нестабилност со локален дожд и грмежи.

Image by Alexander Kliem from Pixabay

Leave a Reply