Денес ветровито и посвежо, од утре повторно зголемување на температурите

Сподели со своите пријатели

Денеска во претпладневните часови на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува вдолж Повардарието, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните дневни температурни вредности ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени целзиусови. УВ индексот има вредност 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има и услови за појава на грмежи и дожд. Ќе дува засилен северен ветер, а максималната температура ќе го достигне 28от степен.

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени. Многу топло ќе биде и на почетокот на работната недела.

 

Loading...