Денес пад на температурите и услови за врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе врнежи се очекуваат во југозападните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и услови за дожд и грмотевици, претежно во попладневните часови. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а дневната максимална температура ќе изнесува 26 степени целзиусови.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Услови за локална нестабилност ќе има во петок.