Ден по силната бура во Австрија не сообраќаат возовите

Сподели со своите пријатели

Австриските железници беа прекинати во петокот, еден ден откако смртоносните бури зафатија делови од Европа и предизвикаа голема штета.

Loading...

Возовите не сообраќаат во австриските провинции Корушка и Штаерска, откако ветровите со брзина до 140 километри на час ги урнаа столбовите за струја.

 

 

 

Возовите од Виена до Венеција беа пренасочени преку Салцбург, а во прекин беа и регионалните возови, соопштија од австриските железници.

Во петокот повторно беше отворен автопатот А2, претходно затворен поради паднати дрвја и прекин на струја во тунелите.

 

Loading...

 

 

Две деца загинаа во четвртокот, а десетина луѓе беа повредени, од кои некои потешко, при пад на дрвја во близина на езерото во Корушка, во Св. Андри.

„Тоа не погоди сосема неочекувано“, изјави сведок за весникот „Клајн цајтунг“.

 

 

 

Полицијата соопшти дека уште три жени биле убиени додека планинареле во Гејминг, Долна Австрија, откако врз нив паднало дрво.

Loading...