Делови на кумановско денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Денеска во период од 07:30 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат селата Пчиња, Вак’в, Студена Бара и Винце.

Прекини се најавени и за утре, па така во период од 09:05 до 10:30 часот прекини ќе има кај ундустриските објекти „Искра“, „Кентауер“, „Метал Нет“, „Сокара Кватрo“, „Ладилник“ и населбата Бедиње.

Од 09:00 до 11:00 часот утре без струја ќе бидат и мештаните на селото Жегљане.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

Во период од 10:35 до 12:00 часот утре прекини се најавени за улицата „Индустриска“ и објектите на „Агро Куманово“, асфалтната база на „КООП Инжинеринг“ и околните објекти.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски