Делегации на општината во Бања Лука и Горњи Милановац

Сподели со своите пријатели

По повод Денот на градот Бања Лука (Република Српска), градоначалникот Максим Димитриевски со претставници на општинската администрација престојуваше во дводневна посета на овој град. Со градоначалникот на  Бања Лука, Игор Радојичиќ оставрија средба на која разговараа за продлабочување на меѓусебна соработка во повеќе области, а посебно помеѓу културните и образовните институции во двете општини.

Loading...

Се договорија дека во наредните месеци ќе ги интензивираат меѓусебните контакти за регионални поврзувања, а при крајот на оваа година во Куманово ќе се организираат „Денови на Бања Лука„ на кои ќе биде претставена културната и туристичката понуда на овој збратимен град.Домаќинот се заблагодари на општина Куманово за несебичната поддршка што општината  ја даде на Бања Лука за време на катастрофалните поплави во 2014 година.

Делегација на Општина Куманово деновиве е во посета и на Општина Горњи Милановац по повод прославата за Денот на градот, 203 години од Таковското Востание и 165 години од формирањето на градот. Делегацијата предводена од Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска имаше свечен прием кај градоначалникот на збратимената општина, присуствуваше на Свечената седница на Советот на општината и положи цвеќе на споменикот „Таковски Грм“.

 

Loading...

Leave a Reply