Децата на чистачите и директорите одат во исто школо: Еве зошто Копенхаген е над сите!

Сподели со своите пријатели

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Intelligence Unit, која рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија воведена оваа година.

Loading...

Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

 

 

– Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија – вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.

– Копенхаген се карактеризира и со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и чистaчот и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште – додаде тој.

 

Loading...

 

Канадскиот Торонто го зазеде второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени, објави Index.hr.

Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му беа доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.

 

 

Холандскиот Амстердам е шести, додека новозеландски Велингтон го зазема седмото место.

Loading...

Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на десеттото место.

На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.