Дамјановски: Улиците ги чистиме во рамките на дозволените услови (видео)

Сподели со своите пријатели

Последните неколку дена преку Оперативниот штаб се координираат сите активности на Општина Куманово и комуналните претпријатија во градот кои работат на расчистувањето на улиците, рече Дамјановски по денешните обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот не презема мерки за расчистување на улиците во градот.

Како што потенцираше Дамјановски две машини биле заглавени во селото К’шање каде пристапот до затворот бил оневозможен поради огромни наноси од снег високи и над 2,5 метри.

Двете фирми кои се изберени на тендер во своите зони ги вршеа своите работи како што условите дозволуваа. Имавме еден дополнителен хендикеп, а тоа е што ниските температури ги отежнуваа работите на самите машини, бидејќи хидролот многу потешко фунцкионира на ниски температури, самите дизел машини потешко се стартуваат, така да сите недостатоци ги имавме во овој период – рече Дамјановски кој додаде дека поради ниските температури солта не дејствува.

Loading...

 

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски вели дека се активирани четири големи машини, два скипа и помалите машини од ЈП „Водовод“ за чистење на тротоарите, а според него булеварите се во делумно добра состојба и допрва ќе се дејствува за да ги подготват патиштата за вечерните часови.

Денеска донесовме одлука на штабот, во случај на поголеми наноси да ангажираме дополнителни машини од оператива, бидејќи за тоа треба одлука за да може да ги субвенционираме во наредниот период, така да целта е максимално да ги заштитиме граѓаните. Граѓаните се нервозни, преку цел ден имаме комуникација, некои делови се отсечени, има делови кои не може да придеме, а најтешко е таму каде завршуваат асфалтните патишта и почнуваат земјените патишта – вели Дамјановски.

 

Потрошени биле 85 тони сол на делниците во источната и западната зона, но поради фактот дека во општината има патна мрежа од 280 километри сепак не може да се постигне на сите страни истовремено.

Знам дека ќе се користат овие моменти да се испровоцира политички анимозитет према определени структури, впрочем гледате и сами тоа секојдневно ќе биде тоа е нивна тактика, бидејќи не гледаат дека целата држава која е под нивна контрола е блокирана, а ако има одделено место излегуваат и веднаш напаѓаат – рече Дамјановски.

Вкупно 15тина машини од општината се на терен и работат на расчистување на патиштата.