Дамјановски: Инцидентот беше сценарио на ВМРО со нивните медиуми (видео)

Сподели со своите пријатели

По вчерашниот инцидент кога граѓанка на наслебата Перо Чичо ја прекина прес конференцијата на градоначалникот Зоран Дамјановски при пуштање во употреба на улицата „Руѓер Бошковиќ“, денеска ОК ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот и неговото обезбедување ја отстраниле зад камерите и дека се однесувале агресивно и со навреди кон неа.

Дамјановски денеска вели дека никој не ја отстранил жената, таа држела монолог 10 минути, а како што вели претпоставува дека тоа е сценариот на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми.

Loading...

Целата рекација ви ја пренесуваме интегрално:

Вчера имавме еден настан промоција на развојната програма, односно летното тековно одржување, реконструкција и изградба на патната инфраструктура, тоа е еден тендер кој е со развојна програма, со буџетска поддршка, дадена е согласност од Биро за јавни набавки и се имплементира делумно. Бевме на терен во работна посета и таму имаме еден проблем со граѓаните од улицата „Руѓер Бошковиќ“, на позиција од едно дваесетина метри каде граѓаните од таа улица се незадоволни од однесување на еден граѓанин кој ставил колци и го попречува патот да ја довршиме таа дестинација. Со медиумите ја презентиравме програмата и воедно и дадовме некои информации за јавноста бидјеќи нашиот стил на работење не се белите кннниги ввво кои има тони криминал, меѓутоа имавме еден случај каде една граѓанка од тој дел на градот, можеби со право поради тие односи нерешени со улицата и соседството, бидејќи тука се работи за јавно прометна површина, меѓутоа мора да истакнам дека ние работиме реконструкција и изградба на постиоечка патна инфраструктура во градежен опфат на Куманово. Тоа е единствена можност да се направи било каква патна инфраструктура без да идеме во изградба на нова улица од позиција што таму имаме узурпација и дивоизградени бојекти, гаражи, огради, прилази итн. И по терк на министерството добивме сугестии да ги решаваме вака пропратните терцијални улици кои имаат комуниакциски врски за да можеме да направиме услуга на граѓаните.

Една граѓанка не знам од која причина на конференцијата најверојатно иницирана од ВМРО, бидејќи они само така знаат да работат, поддржана силно од медиумската поддршка бидејќи во една нормална професионална профилација на медиумите ќе се даде право на медиумско известување и право на граѓаните да го изразат својот став и незадоволство, меѓутоа на сред конференција упадна со ниедно нешто непровоцирана, десетминутен монолог со агресија и нормално јас дадов една сугестија, жената не беше тргната и отстранета, 10 минути држеше монолог и кажевме да може да не ослободи за да можеме да дадеме известување до граѓаните, нема никаква агресија од моја страна, ниту од луѓето кои беа со мене, бидејќи имавме трпение да слушаме едно такво излагање, претпоставувам целото сценарио на оваа голема глума на ВМРО која трае десетина години да го обманува народот и тогаш кога извршивме интервенција на улица која со петиции пет години се бара, дојдовме до финиш на таа улица со тоа што сме во намера со добро комуницирање со луѓето да го решиме и тој дел од дваесетина метри кој треба да биде решен и зошто сега од таа работа, гледам вчера сегменти само делови намонтирани од монологот само каде се врши агресија од монологот, тоа знаат само порталите и медиумите на ВМРО, јас лично немам лично против таа граѓанка, напротив после тоа седевме се договоривме за многу убава комуникација, на крај заврши со поздравување со голема почти према мене за да денеска тие сегменти се користат за агресија против Зоран Дамјановски.

Почитувани претставници на ВМРО вашата состојба со она што направивте со државата е ненадминлива, не можете да го барате виновникот, вината во локалната самоуправа бидејќи таа работи во интерес на граѓаните, она што ни е дозволено што ни е овозможено и што можеме во даден момент да го имплементираме. Онаа за кое сте загрижени што ве очекува од локалните избори и судбината на вашето политичко дејствување ќе го покаже времето, меѓутоа да разговараме за она што значи просперитет и решение на проблемите, бидејќи Куманово има кумулирани многу проблеми што на политичкот систем, што на поделбите, затоа што ова е пример за подеблба на граѓаните на политичка основа и ова што се случува, ако продолжи така само уште повеќе ќе направи голем јаз, не во интерес на граѓаните и работата на локалната самоуправа. Оставете ја политиката нека се докажува Груевски нека се докажува СДСМ на релација кој и што направил вина и кој е должен да одговара пред органите на прогнот, ние да работиме во интерес на граѓаните. Ви препорачувам дека секои вакви настапи ги влошуваат односите во живеењето на месните заедници и не доаѓа до импелемнтација на сите заложби и развојна програма.

Со другарски совет ги повикувам сите релевантни фактори да дојдат кога имаат проблем во општината секогаш е отворнео, не работиме со приемен ден, нашиот приемен ден е од 08:30 до 16:30, секогаш сме отворени за соработка и да ги решаваме во рамките на можноста, она што е сега актуелен момент на „Руѓер Бошковиќ“ е да го преговараме со семејството за начин на решавање на тој пролаз бидејќи имаме една поригидна состојба на самиот граѓанин кој не дозволува, меѓутоа нашите предлози се усогласени со закон и само така ќе го решиме тој проблем од дваесетина метри на тој дел од улицата – вели Дамјановски.