Дали сте знаеле за трендот микро-неверство?

Сподели со своите пријатели

Во 2017 година имаше ужасни трендови во врските, а ништо подобро не тргна ниту оваа година. По „sidebarring“-от, „ghosting“-от, „cushioning“-от, сега веќе се зборува и за микро-прељуба, а големи се шансите тоа веќе да ви се случило, или самите да сте биле виновник.

Во микро-прељубата сте учествувале ако со некој сте кокетирале зад грбот на партнерот. Ова, секако не е нова работа, со оглед на тоа дека скоро секој повремено флертува, но каде е границат аи како тоа може да се смета за прељуба?

Бизарен култ одговорен за најголемите масовни самоубиства: “Рајската порта” и денес регрутира луѓе (фото+видео)

Loading...

Психологот Мелани Шилинг, која е епскерт за врски, микро-прељубата ја дефинира како „низ наизглед мали акции кои укажуваат на тоа дека личноста е емоционално или физички сконцентирана на некој надвор од својата врска“.

Како примери за микро-прељубата Шилинг наведува тајно допишување со некото, лажење за врската или на пример, ако имате некој во именикот под лажно име.

– Ако чувствувате дека имате нешто да сокриете, прашајте се зошто – порачала таа и додава дека криењето, односно лажењето е клучот за микро-прељубата, затоа што укажува на тоа дека имате сокриени намери.