Бизарен култ одговорен за најголемите масовни самоубиства: “Рајската порта” и денес регрутира луѓе (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Пред дваесет години до полицијата во Сан Диего стигнал анонимен повик од телефонска говорница.

Повикувачот тврдел дека десетина луѓе извршиле самоубиство во VII Медитерански стил во областа Санта Фе.

Loading...

Два часа подоцна, заменик-шерифот Роберт Бранк пристигнал на имотот и ја видел хорор-сцената – масакар на ритуална смрт. “Се чини дека нема преживеани”, јавил преку полициското радио.

https://youtu.be/Lev17JUYQZc

Инспекторите пронајдоа 39 тела – 21 жени и 18 мажи на возраст од 26 до 72 години. Ова е најголемото масовно самоубиство на американското тло.

Бизарно и шокантно откритие

Секое од телата лежело на кревет во црни, долни тренерки, црна туника и патики за џогирање. На секој во џебовите им биле пронајдени по точно 5,75 долари, а и сите тела на рацете имале нараквици со натпис “Heaven’s gate away team” (тим кој оди кон Рајската порта).

Рајска Порта – било името на сектата и НЛО култот/религија предводена од Маршал Еплвајт и Бони Нитлс. Крајот на оваа секта се совпаднал со доаѓањето на кометата Хејл-Боп во 1997-ма година.

Еплвајт ги убедил своите 38 приврзаници да извршат самоубиство за нивните души да можат да се качат на вселенскиот брод за кој верувале дека се наоѓа на кометата која го носи Исус. Ваквите верувања некои истражувачи ги натерале да ја карактеризираат сектата како НЛО религиозна.

Покрај телата биле пронајдени и видео записи со последни зборови на приврзаниците кои објаснуваат дека го очекуваат вселенското летало кое ќе ги однесе до вонземјански брод.

Работите станале уште побизарни

Иако членовите на култот биле отсечени од надворешниот свет – семејството и пријателите, тие биле далеку од глупави или неедуцирани. Нивниот последен заеднички оброк била “последната вечера” во ресторан во близина на нивното седиште во Санта Фе. Сите членови на култот го нарачале истиот оброк – мисиркино месо со салата, а за десер – чизкејк, се присетил келнерот, а со овој оброк сите пиеле леден чај.

Loading...

“Делуваa како пријатни, пријателски расположени луѓе. Никој од нив не изгледаше тажен или депресивен” – опишале сведоците кога подоцна станало јасно што претставувала оваа вечера и се запознале со деталите околу самоубиствата.

https://youtu.be/73NYZIXkNc8

Подлегнале на кастрација

Еплвајт и другите членови на култот се одлучиле на операција за да го обезбедат фактот дека ќе останат во целибат.

Еплвајт, кој работел како професор по музика на Универзитет бил отпуштен од своето работно место откако администрацијата дознала дека тој се впушил во сексуални односи со студент – момче, и барал лекови за своите хомосексуални нагони.

“Тој сакаше да пронајде начин за да го развие платонскиот однос во својот целосен потенцијал без полови односи”.. И на другите машки членови им предложил кастрација, а тие го послушале – осум од нив се кастрирале доброволно, возбудени и насмеани во врска со ова.

Самоубиствата се случувале три дена

Иако 39-те членови на оваа бизарна секта биле откриени во среда, 26-ти март, 1997-ма година, аутопсијата покажала дека не умреле истовремено. Започнале да си го одзимаат животот во недела, а Еплвајт се самоубил меѓу последните, но не последен.

https://youtu.be/Zc-hO6rJydM

Двајца преживеани членови на сектата се уште ја одржуваат веб-страницата на култот

Еден од начините на кој култот ги плаќал своите сметки бил преку веб-страницата на дизајн групата Хајер Соурс. Оваа веб-страница се уште е активна.

Loading...

Клиентите ги опишале вработените во Хајер Соурс како внимателни професионалци, експерти кои изгледаат малку “чудно”, Според шпекулациите, станува збор за членови на култот, Марк и Сара Кинг.

“Информациите мора да му бидат достапни на човештвото во рамките на подготовките за нивното враќање”, истакнуваат администраторите на страницата, додавајќи дека тие не знаат кога ќе се случи тоа, но заинтересираните можат да побараат информации.