Дали би влегле во лифт кој води до вселената? Долгогодишната идеја се спроведува во дело!

Сподели со своите пријатели

Јапонија наскоро ќе тестира вселенски мини лифт. До 2050. година би требало да започне да превезува туристи, објавиле научниците од Универзитетот Шизуока.

Јапонските научници кои работат на конструкцијата на вселенскиот лифт наскоро ќе направат прво тестирање во вселената со минијатурна верзија на лифтот, известуваат од Универзитетот Шизуока.

Научниците се надеваат дека со помош на долг кабел поставен во вселената помеѓу два помали сателити ќе успеат да испратат минијатурен лифт со димензии 6х3х3 сантиметри.

Се отвора хотел во вселената, цената вистинска „ситница“

Loading...

Со ракетата H-2B во вселената би требало да биде испратен потребнио материјал. нејзиното лансирање предвидено е за 11. септември од базата Танегашима на југот на архипелагот.

– Станува збор за прв ваков обид во светот, со кој настојуваме да тестираме движење на лифт во вселената, рекол портпаролот на Универзитетот за АФП, додавајќи дека се ќе се одвива под надзор на камери поставени во сателитите.

Концептот на вселенски лифт кој со помош на цврсти кабли би се качувал повеќе илјади километри до вселенската станица сместена во геостационарната орбита, датира уште од 19 век. На таа идеја дошол и советскиот научник Константник Тсолковски во 1895. година кога ја видел Ајфеловата кула во Париз.

Скоро сто години подоцна, Артур Кларк, британски пронаоѓач и еден од најпознатите писатели на научна фантастика, кој сепак цврсто се држел до науката и нејзините реални достигнувања и хипотези, ја обновил оваа замисла во книгата „Рајски водоскоци“ објавена во 1978. година.

Зукерберг: Јас го основав Фејсбук, ја прифаќам одговорноста

Засега, тој сон поради технолошките пречки се уште постои само во теорија. Сепак, јапонската компанија на целата приказна гледа многу пооптимистично. Станува збор за фирмата „Обајаши“ која соработува со тимот научници од Шизуока. Нејзините експерти работат на изградба на лифт кој до 2050. година во вселената би превезувал и туристи.

Од компанијата објаснуваат декаимаат намера да постават цела карбонска наноцевка, кабел со структура дваесет пати поцврста од челик. Кабината на лифтот би се движела благодарение на шипка долга 96.000 километри, што е чтвртина од одалеченоста помеѓу Земјата и Месечината.

Leave a Reply