Далечниот исток на Русија окован во мраз: Силен циклон се спушти над Владивосток (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вистинска зима пристигна во Приморје, на крајниот југоисточен дел на Русија, а снежен циклон го зафати Владивосток, каде виулиците и силните ветрови не престануваат, поради што сообраќајот е блокиран, јавуваат руските медиуми.

Loading...

Речиси 20 летови биле одложени на аеродромот, а учениците се префрлиле на онлајн часови, пренесува Спутник.

Снежните наноси го блокираат сообраќајот и создаваат големи гужви, поради што многумина се откажуваат од јавниот превоз и одлучуваат да пешачат до своите домови.

Многумина ги оставаат своите автомобили покрај патот и пешачат за да стигнат дома.

Циклонот предизвикал и помали штети, бидејќи ветерот однел покриви на две училишта и скршил некои стакла.