Дац и Александар и Каролина Гочева ѕвезди на овогодинешниот Тамбурашки фестивал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово годинава ќе се одржи по 17ти пат на градскиот плоштад на 27ми и 28ми месецов, а ѕвезди на двата вечери ќе бидат Дац и Александар и Каролина Гочева.

Loading...

На првата фестивалска вечер ќе настапат: „Октет Куманово“ и „Ташко и пријателите“ од Македонија, тамбурашкиот оркестар „Госпон Тамбураши“  од Нови Сад, Република Србија, а вечерта ќе ја затворат Дац и Александар.

На втората вестивалска вечер ќе настапат: тамбурашкиот оркестар „Табиет“ и Трио „Шербет“ од Македонија, како и Г.Т.О. Бања Лука од Босна и Херцеговина, додека фестивалот оваа година ќе има чест да го затвори Каролина Гочева.

 

 

Фестивалот е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, со поддршка од Министерството за култура на Р.С Македонија.

Фестивалот ќе биде организиран по сите протоколи за превенција од Covid-19.

Loading...

Задолжителна е потврда за извршена вакцинација.

Никола Ивановски