Црвениот крст почна да ги попишува воените заробеници од Азовстал

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) почна да попишува стотици воени заробеници од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, Украина, соопшти организацијата.

Loading...

Потрагата по борците кои го напуштија металуршкиот комплекс, вклучувајќи ги и ранетите, започна во вторникот.

 

Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана

 

МКЦК собира податоци од поединци за да ја следи судбината на затворениците. Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека 771 украински борец од Азовстал се предале во последните 24 часа, со што бројот на затвореници до понеделник се зголеми на 1.730, пренесува агенцијата РИА.

Според истиот извор, меѓу заробените има и 80 ранети. Стотици украински борци се предадоа и ги напуштија подземните коридори и челични бункери. Москва и Киев даваа различни бројки за затворениците.