Црвената е секогаш интригантна, провокативна и во тренд

Сподели со своите пријатели

Од средниот век, црвената боја означува победа. Боја што претставува енергија, страст, сексуалност, живот и љубов. Доминантна и впечатлива. Секогаш е во тренд, а ја користат модните дизајнери и стилисти.

Loading...

Привлекува внимание, а некои од студиите покажаа дека мажите секогаш прво ќе забележат жена која носи црвена облека.

 

 

Црвената боја претставува страст, енергија, живот, љубов и сексуалност, а психолозите истакнуваат дека црвената ја забрзува циркулацијата на крвта, ги стимулира мускулите и лачењето на адреналинот.

„Лесно се комбинира со други бои и одговара на сите типови кожа“, вели Хелен Венабс од компанијата „House of Color“.

 

Loading...

 

Психолозите Расел Хил и Роберт Бартон од Универзитетот во Дурам ги следат спортските настани во кои спортистите носат црвени дресови од 2004 година, а заклучокот на нивната студија е дека спортистите победуваат во црвени дресови, особено во индивидуалните спортови. Црвената има моќ затоа што е боја на крвта.

Торба, чевли, марама или украс за коса во нијанси на црвена боја ќе му дадат посебен шарм на кој било стајлинг.

 

 

Дизајнерите забележуваат дека треба да се биде внимателен со црвената боја. Не треба да се комбинира со светли бои, туку со пастелни тонови.

Loading...

Leave a Reply