ЦРНА ГОРА: Натпревар во мрзеливост под мотото „Има леб и без мотика“

Сподели со своите пријатели

Отворено првнство во мрзеливост по шести пат ќе се одржи во Црна Гора во сабота, 18 август.

Селото Брезна во општината Плужина, на северозапдот од Црна Гора е домаќин на оваа натпреварување кое започна да се одржува во 2012. година. Стереотипната претстава за „љубовта“ на Црногорците кон работата искажана е и низ мотото на првиот одржан натпревар: „Има леб и без мотика“.

Правилата се едноставни, учесниците истовремено лежат во ладовина и не стануваат што е можно подолго. Дозволено им е да јадат, пијат и разговараат.

На минатогодишниот натпревар соборен е тригодишниот рекорд на Марко Ѓуровиќ од Подгорица кој лежел 37 часа, а потоа уште двајца натпреварувачи и една натпреварувачка поставија нов рекорд од 47 часа непрекидно лежење.

Сите учесници ќе добијат бесплатна храна и пијалаци, а за оние кои живат на одалеченост повеќе од 100 километри ќе биде обзбедено сместување.

Leave a Reply