Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при Центар за јавно здравје Куманово информира дека дезинфекцијата на такси возилата и автобусите не е извршена.
Причина за тоа е што возачите и натаму одбиваат нивните возила да бидал дезинфицирани, а од друга страна во извештајот на Центарот за јавно здравје стои дека возовите кои пристигаат на пунктот за бегалци во Табановце се нечисти, полни со смет и нечистотија и затоа не може да бидат дезинфицирани додека истите не се исчистат.
Инаку во текот на изминатите 24 часа од страна на Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 800 метри квадратни простор со објекти во пунктот.