Цистерна се запали кај кумановското село Ругинце

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај место викано Ругинце, вчеравечер околу 22:30 во СВР Куманово било пријавено дека при движење настанал пожар во товарно возило – цистерна со косовски национални ознаки, сопственост на фирма од Приштина.

Loading...

Во пожарот, како што информираат од кумановската полиција, била зафатена кабината на возачот, а повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе врши во текот на денот.

Leave a Reply