Чудна технологија: Овие слушалки доаѓаат со прочистувач на воздух (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Dyson го направи својот прв чекор во технолошкиот сектор за носење, со повеќе од интересен пар слушалки кои доаѓаат со визир за прочистување на воздух

Loading...

Најпознат по правосмукалките, Dyson го прошири својот репертоар на производи во последниве години со гаџети како вентилатори и фен за коса.

Сепак, овие слушалки се нешто сосема друго.Наречени Dyson Zones, тие се дизајнирани да го решат растечкиот проблем со загадувањето на воздухот.

Слушалките доаѓаат со мотор, вентилатор и филтри за воздух во секоја чашка за уши.

Воздухот се вшмукува преку филтри, заробувајќи алергени и загадувачи како што се азот и сулфур диоксид или прашина.А овој прочистен воздух потоа се канализира во носот и устата преку визир, кој е магнетски прикачен на долниот дел од слушалките.

Гаџетот е 97% ефикасен во „донесување чист воздух во белите дробови“, велат од компанијата.Постојат четири начини на прочистување, во зависност од тоа дали корисникот оди по улица или седи.

Слушалките користат сензори за следење на дишењето и напорот и соодветно го менуваат режимот.Доаѓаат и со апликација, а нивната батерија наводно трае околу 4 часа или еден час по активното прочистување на воздухот.

Dyson Zone е проект кој е во тек веќе 6 години и има над 500 различни повторувања или прототипови.Тhe Verge го нарече готовиот производ „бизарен“, нагласувајќи дека тоа не е рана првоаприлска шега.

Loading...