Чудна дестинација: Во оваа село само најхрабрите излегуваат кога нема сонце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да се најдат во темнината помеѓу куќите изградени од кал, бидејќи нема улично осветлување.

Loading...

Ал Хамра е дестинација која со текот на годините се повеќе е на листата на многу љубители на необични патувања и една од најстарите во Оман. Стои во подножјето на планината околу 400 години, а изградена е од кал. Поголемиот дел од куќите се напуштени и трошни, а шетањето низ тесните улички во текот на ноќта е посебно искуство.

 

 

Може да се каже и дека е тест за храброст за оние кои се плашат од темнината. Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да се справат во мракот бидејќи нема улично осветлување.

 

Loading...

 

Една од омилените активности на туристите е искачувањето на покривите и уживањето во глетката, односно фотографирање на по малку натприроден пејсаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамр, можете да побарате сместување во Баит Алџабал, што е најблиску до искуството на спиење во типични куќи од кал.

 

 

Иако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а наводно е многу вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.

 

Loading...

 

Ал Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Не пропуштајте го блиското село Мисфат Ал Абријен, се смета за едно од најубавите во земјата.

 

 

Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.

 

Loading...