Членките на ЕУ го користеа Пегазус за да ги шпионираат граѓаните

Сподели со своите пријатели

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегазус“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот парламент.

Loading...

Владите членки на ЕУ го користеле овој софтвер против граѓани за политички цели, се вели во објавениот нацрт-извештај, во кој се наведува дека има индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Австрија е критикувана и затоа што поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви Пегазус.

Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), кое се смета за снабдувач на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија, како што се наведува во извештајот, имаат контакти со Русија и Кремљ.

Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за шпионски софтвер.

DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули.

Развојот на шпионски софтвер во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент, нагласи одговорниот известувач на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд, пренесуваат австриските медиуми.

Според неа, шпионскиот софтвер не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите.

Loading...

Исто така, ваквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество, а служи и за влијание врз изборите.

Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд.

Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сака да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговори ниту на прашањата на Европскиот парламент во врска со ова.

Затоа, сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, рече таа.

Европската комисија гласно се залага за демократија и борба против лажните вести, уште неодамна кога го презеде Твитер.

Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд.

Таа изјави дека ЕК му ги покажува мускулите на Илон Маск, но користи кадифени ракавици за да им се обрати на членовите кои користат шпионски софтвер против граѓаните.