Чиле: Најмалку 24 лица загинаа во шумски пожар, зафатени се 300.000 хектари

Сподели со своите пријатели

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 2.180 се повредени во големиот шумски пожар во Чиле што се прошири на нови области во текот на ноќта.

Loading...

Чилеанската национална шумарска асоцијација (CONAF) во средата објави дека областа погодена од пожарите сега се прошири на повеќе од 300.000 хектари.

Властите соопштија дека се уништени 1.180 куќи во регионите Биобио, Арауканија и Нубл.

Министерката за внатрешни работи Каролина Тоха синоќа изјави дека владата ќе прогласи полициски час во некои провинции почнувајќи од денеска.

Тоха претходно предупреди на недостаток на резервоари за вода во областите погодени од пожар.

Бразил, Шпанија, Колумбија и Мексико му пружаат помош на Чиле против пожарот.