Четвртина од светската популација користела Фејсбук секој ден во декември

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе кои секојдневно ја користат социјалната мрежа Фејсбук се зголемил во просек на две милијарди во декември, што е четвртина од светската популација.

Loading...

Во декември бројот на дневни корисници на Фејсбук се зголемил за четири отсто во однос на една година претходно, вклучувајќи ги и корисниците во Европа, САД и Канада, пренесува Би-Би-Си.

Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, соопшти дека бројот на луѓе активни на сите нејзини апликации секој ден се зголемил за пет отсто во споредба со претходната година.

Акциите на матичната компанија Мета пораснаа за повеќе од 15 отсто, а посилниот од очекуваниот пораст помогна да се започнат нови планови за компанијата, која се најде под притисок како што растат нејзините трошоци, јавува Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

„2022 беше година со предизвици, но мислам дека ја завршивме со добар напредок“, рече шефот на компанијата, Марк Закерберг и ја прогласи 2023 година за „година на ефикасност“.

Мета ги вознемири инвеститорите минатата година кога го објави првиот пад на дневните корисници на Фејсбук во својата историја и го префрли својот фокус на градење на виртуелна реалност, позната како метаверс.

Минатиот декември компанијата објави приход од 32,2 милијарди долари, што е пад од четири отсто во однос на претходната година.