Четворица млади кумановци приведени поради разбојништво

Сподели со своите пријатели

Тројца деветнаесетгодишници и еден осумнаесетгодишник биле приведени поради сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“.

Loading...

– На 26.11.2021 година во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т.(19), А.Д.(19), М.С.(19) и К.К.(18), поради основано сомнение дека се сторители на кривично дело „разбојништво“, извршено на 24.11.2021 во дворно место на Г.Н. во село Горно Којнаре, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски