Четири пожари викендов во кумановско

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари викендов бележат четири интервенции во доменот на својата работа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запалена сува трева во атарот на селото Љубодраг, каде во период од 12:25 до 12:50 часот интервенирале тројца пожарникари.

На поголема површина во селата Стрезовце и Ругинце била запалена сува трева и нискостеблеста шума, каде околу 12:50 часот на терен излегле пожарникари од ТППЕ Куманово и Старо Нагоричане и пожарот успеале да го изгаснат дури околу 02:35 часот, поради многу лошата конфигурација на теренот и непристапноста до опожарената површина.

Во атарот на селото Романовце била опожаренја барака и дел од викендица, каде во период од 16:50 до 21:30 часот интервенирале четворица пожарникари со две противпожарни возила кои на крајот успеале да се изборат со пламените јазици.

Последната интервенција била на запалено стрниште во Долно Којнаре, каде интервенирале двајца пожарникари во период од 17:25 до 19:15 часот.

Leave a Reply