Четири лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени, од кои еден потешко, во сообраќајка што вчера се случила на улицата „Железничка“ во Куманово.

Loading...

– На 06.04.2022 во 14.10 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.“Железничка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Д.М.(25) од Куманово и патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од Н.Д.(35) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил С.С.(66) од с.Ропалце, липковско, сопатник од возилото „фолксваген голф“, а уште еден сопатник од истото возило, А.М.(76) од Куманово, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски