Четири интервенциии на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите 24 часа, кумановските пожарникари бележат четири интервенции во доменот на својата работа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 12:45 до 15:40 часот двајца пожарникари од кумановскта противпожарна единица и двајца од ТППЕ Старо Нагоричане учествувале во аснење на бали слама во атарот на селото Канарево. Пожарот бил изгаснат, меѓутоа во него целосно изгореле 800 бали слама.

Пожарникарите од Старо Нагоричане исто така учествувале и во гаснењена сува трева и стрниште во атарот на селото Студена бара. Интервенцијата траелад 17:30 до 19:00 часот.

Сува трева горела и во Диво насеље. Таму во период од 17:30 до 18:00 часот интервенирале тројца кумановски пожарникари.

На месноста Никуљски пат во населбата Карпош исто така горела сува трева, каде во период од 16:40 до 18:45 часот интервенирале четворица пожарникари.

Leave a Reply