Честитка на Кирацовски по повод Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар Александар Кирацовски, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот  Рамазан Бајрам.

– Во деновите на празнување на Рамазан Бајрам , нека секој Ваш дом  биде исполнет со мир, љубов, хармонија и радост. Големите верски празници не се само да не потсетат на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите и на оние на кои им е потребна. Тие се суштина на ширењето на добрината, на човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла. Да останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи кои и досега се градења во духот на меѓусебното разбирање и толеранција.  Заедно да  продолжиме по патот на создавањето и промовирањето на  вредностите за заедништво, просперитет и развој на Македонија, стои во честитката на генералниот секретар на партијата, Кирацовски.

Leave a Reply