Цената на пченицата од 6 до 9,5 денари по килограм

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на завршувањето на жетвите на пченица, цената зависно од квалитетот во просек ќе изнесува од 8 до 8,5 денари, односно ќе се движи од 6 до 9,5 денари по килограм.

Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев кај дел од земјоделците оваа цена е прифатлива, но постојат и такви кои не се задоволни од истата, пишува порталот БизнисИнфо.

Годинава се очекува просечно од еден хектар да се добие принос од 3.850 килограми пченица. Со дополнителни шест илјади денари по хектар ќе помогне државата, а оние кои нема да го продадат своето жито ќе можат да го складираат во силосисте во Прилеп и Жито Вардар, а за тоа да добијат државна помош во износ од 80%.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...