Кумановската болница засега има доволно заштитна опрема
Општа болница Куманово засега има доволно заштитна опрема за своите вработени, вели директорката Снежана Захариева. Како што посочи таа, со моменталните залихи може да се издржат недела-две и бидејќи станува збор за потрошен материјал, од повеќе фактори зависи дали тој материјал ќе биде доволен и како ќе се набавува дополнителен.Прочитај повеќе










