Кумановската болница засега има доволно заштитна опрема

Сподели со своите пријатели

Општа болница Куманово засега има доволно заштитна опрема за своите вработени, вели директорката Снежана Захариева.

Loading...

Како што посочи таа, со моменталните залихи може да се издржат недела-две и бидејќи станува збор за потрошен материјал, од повеќе фактори зависи дали тој материјал ќе биде доволен и како ќе се набавува дополнителен.

– Ние имаме во моментов, може да издржиме недела две, меѓутоа не знаеме наплив на пациенти во нареден период колку ќе бидат, така  да тоа е потрошен материјал, кој постојано треба да се дотура, ако се реши проблемот со редовен дотур на овие средства кои ги имаме тендерски и ако продолжат добавувачите и наши поддржувачи и пријатели да ни доставуваат редовна количина на маски, капи и други заштитни средства нема да имаме проблем, изјави Захариева.

Изминатите денови, како што информираше директорката имало преборјување на заштитниот материјал, па е одлучено да се премине на алтернативно шиење на маски кои подоцна ќе се стерилизираат и ќе се стават на располагање на медицинскиот персонал кој не е во директен контакт со заболени.

– Во моментот тој проблем го немаме, имаше завчера пребројување на тој заштитен материјал што ако застане, па преминавме на алтернатива, шиење на маски кои се стерилизираат се дизинфицираат и се даваат на оние служби кои не се во директен контакт со заболени, за останатите имаме доволно маски капи и ракавици и заштитни мантили, вели Захариева.

Во однос на тоа што Владата донесе одлука да се испратат дополнителен број медицински персонал и техничка опрема за кумановската болница, директорката вели дека засега нема допис од Министерството за здравство, но се очекува тоа да се направи во текот на денешниот ден.

Во однос на медицинскиот персонал, Захариева вели дека е дефицитарен, од четворица инфектолози денеска има тројца.

– Беа четворица, сега се тројца, имаат на испомош уште двајца помлади лекари, едната е специјализант, другиот е општ лекар и уште еден лекар по општа медицина со искуство кој со години дежура на тој оддел. Што се однесува до медицинските сестри се прави прераспределба на персонал согласно указот на Министерството за здравство за работа во вонредна состојба, од еден во друг оддел, преку прераспределување, каде нема потреба се упатуваат на помош во инфективниот оддел кој од денес е оддел за изолација, а фибрилните состојби кои немаат позитивна анамнеза и сомнеж за коронавирусот, се на одделот за уво нос и грло, изјави Захариева.

Loading...

Тријажата и преглед на сите пациенти од денеска ќе се врши во стариот Ургентен центар.

Никола Ивановски

Leave a Reply