Поголем број на тестирања и дополнителен медицински персонал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Бројот на тестирања за Ковид19 во Куманово ќе се зголеми, согласно последната одлука на Владата од вечерва, со цел навремено детектирање и спречување на ширење на коронавирусот.

Loading...

– Со оваа одлука се задолжуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки и активности за да се спроведе поголем број на тестирања на подрачјето на територијата на општина Куманово, со цел  континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од Коронавирус (COVID-19), за поефикасен третман на истите, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општа Болница – Куманово, стои во одлуката на Владата.

Инаку, бројот на заболени во Куманово моментално е осум, од кои пет регистрирани само во последниот пресек, односно заклучно 12 часот напладне.

Никола Ивановски

Leave a Reply