Булеварите во Куманово ќе добијат и метални столпчиња, откако дел од пластичните се скршени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Метални солпчиња ќе се постават на местата каде претходно пластичните биле искршени на булеварот „Октомвриска револуција“ рече денеска на седница на Советот на Општина Куманово градоначалникот Максим Димириевски одговарајќи на советничко прашање на совентикот Драган Петковски.

Loading...

– За жал голем број од тие столпчиња се уништени од несовесни граѓани, но и самите фирми автоперални и вршители на дејности на тие локации и во втора фаза ќе ставиме железни за да не бидат унитувани, рече градоначалникот Димитриевски.

 

 

Како што вели самиот, иако имаше негодувања на фирмите кои имаат дуќани долж булеварот, тротоарите и велосипедските патеки се за пешаците и велосипедистите и има регулирана сообраќјна инфраструктура во овој момент.

 

фото: архива

 

Loading...

Праксата освен на „Октомвриска револуција“ ќе продолжи и на булеварот „Трата Македонска Ударна Бригада“ каде веќе има поставено метални столпчиња.

– Параллелно водевме постапка за метлани столшчиња за „Трета МУБ“, на градскиот пазар се веќе поставени, но општината има донесено времен режин за паркирање на тие локации и додека не се повлече таа одлука од Советот не можеме да поставиме по цела должина, појасни Димитриевски.

Инаку столпчињата ги поставува Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, нивна цел е да оневозможи паркирање на несовесните возачи долж тротоарите и велосипедските патеки.

 

 

Како што појасни градоначалникот во тек се постапки за добивање дозвола од Министерството за внатрешни работи за поставување нови вакви столпчиња. Истите веќе се набавени и ќе бидат поставени долж двата булевари и улицата „11 Ноември“.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply