Бугарија нѐ стави на „црвена листа“, но ќе може да се патува со овие документи

Сподели со своите пријатели

Иако Бугарија ја стави Македонија на листата држави со висок ризик од ковид што обично значи забрана за патувања во таа земја, сепак границата нема да биде затворена и преминот сѐ уште ќе биде дозволен.

Loading...

– Известуваме дека по интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби, информираат од Министерството за надворешни работи.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.

Никола Ивановски