Бугарија ги затегнува односите со Русија: На еден дипломат му одби виза, друг протера

Сподели со своите пријатели

Бугарија соопшти дека одбила виза за придружниот аташе во руската амбасада во Софија кој допрва треба да пристигне, еден ден откако протера друг руски дипломат поради обвиненијата за шпионажа.

Loading...

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека одлучила да го одбие барањето за виза на аташето, кој сè уште бил во Русија, поради „негативното мислење“ на едно од државните тела што работи на договори за долгорочни дипломатски визи.

Нема дополнителни детали за причините, но се вели дека одлуката не значи дека рускиот службеник е прогласен за персона нон-грата, пренесува Ројтерс.

Москва, наводно, била известена за оваа одлука.

Друг дипломат ја напушти Бугарија со семејството, соопшти Министерството.

Русија не коментираше јавно за ниту еден случај.

Leave a Reply