Бројот на жртвите на ужасниот масакр во Москва уште ќе расте

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртвите по терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ значително ќе се зголеми, изјави гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Loading...

„Кога станува збор за загинатите, морам веднаш да кажам дека бројот на жртви значително ќе се зголеми“, изјави Воробјов, пренесува РИА Новости.

 

 

Тој изјави дека се работи на расчистување на урнатините и дека тоа ќе се работи 24 часа.

„Денеска во 6:30 часот спасувачите влегоа во салата каде што се случија најстрашните настани. Можеме да видиме дека ситуацијата е исклучително тешка. Инженерските работи ќе се вршат 24 часа на ден, нивната цел е отстранување на урнатиот покрив, со сите средства“, рече тој, пренесе Интерфакс.

Руските медиуми јавуваат дека Министерството за вонредни ситуации на Русија денеска објави видео од салата која е целосно уништена од пожар.

Loading...

На видеото се гледаат метални конструкции на местото на ѕидовите на салата, урнат покрив и уништени странични скали, пренесува Известија.