26.07.2019 11:49

Бројот на стогодишници во Италија надмина 14.000 (ВИДЕО)


Италијанскиот завод за статистика соопшти дека бројот на жителите во државата, кои имаат 100 или повеќе години, е зголемен на над 14.000. пред десет години, ги имало само 11.000.

Во текот на изминатата деценија, бројот на оние кои наполниле 105 години или повеќе е зголемен за 136 отсто. Пред десет години нивната бројка била 472, а денес изнесува 1.112.

loading...

Има 125 години, мало дете и дневно пуши по 80 цигари (ВИДЕО)

Во извештајот на Заводот за статистика е наведено дека повеќе од двојот е зголемен и бројот на „суперстогодишници“, односно луѓе кои наполниле 110 години.

Кон почетокот на годината, во Италија живееле 21 „суперстогодишник“, а во 2009 година ги имало само десет, пренесува порталот plenglish.com.

На овие места живеат најздравите и најдолговечните луѓе

Меѓу стогодишниците со 84 отсто се застапени жените.

Image by Michal Jarmoluk from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments