На овие места живеат најздравите и најдолговечните луѓе

Сподели со своите пријатели

Да се доживеете деведесеттата година претставува вистински феномен во поголемиот дел од земјите во светот.

Очекуваниот животен век на светско ниво е 71,4 години, што значи дека на одредени места луѓето сепак живеат и подолго. Ви ги пренесуваме токму тие местаи во што е тајната на нивната долговечност.

Како да доживеете 100ка? Тој тврди дека клуч за долговечноста се јогата и целибатот (видео)

Loading...

1. Сардинија, Италија

Тајната на нивната долговечност е здравата исхрана, физичката активност и семејната поврзаност, поради што имаат најголема концентрација на мажи стогодишници во светот. најдолго жвиеат оние кои се занимавале со сточарство, односно пастири кои чувале овци и пешачеле секојдневно со нив осум до девет километри, но и оние кои имаат женски деца. Посебниот генетски маркер М26 кој се пренесува низ генерациите, исто така е заслужен за долговечноста, а се пренесува од генерација на генерација.

https://www.instagram.com/p/BlkrmWHFU1b/?utm_source=ig_embed

2. Окинава, Јапонија

Клучот всушност е во почитувањето и важноста на семејните односи. Жителите на Окинава семејството се на прво место, а тоа е поради нивната култура. Жителите имаат поддршка од своите „моаи“, цврство поврзани семејни заедници, чиј секој член има поддршка од другите во сите животни успони и падови. Токму поради намаленото ниво на стрес на Окинава живеат најстарите жените во светот, од кои многумина надминуваат сто години.

https://www.instagram.com/p/Blox_UhnAT_/?utm_source=ig_embed

3. Никозија, Костарика

Сите сме навикнати да купуваме готова храна, иако знаеме дека не е добра за нашиот организам. Кога би знаеле дека тоа влијае на долговечноста веројатно веднаш ќе престанете. Жителите на Никозија избегнуваат да јадат обработена храна. Тие најголем број од калориите внесуваат низ пченка, тиква и тропски овошја. Со ова аисхрана, добар број часови минуваат во комбинација со дневните активности и тоа им помага во зачувувањето на здравјето.

https://www.instagram.com/p/iIFbsIK3Q-/?utm_source=ig_embed

4. Лома Линда, Калифорнија, САД

Како што веќе наведовме исхраната и тоа како е важна за долговечноста, таа тајна ја знаат и жителите на калифорнискиот град Лома Линда, кои живеат десет години подолго од останатите Америакнци. Многумина од нив избегнуваат месо и јадат доста зеленчук, интегрални житарици и јаткасти плодови. Покрај исхраната, нагласување на важноста на заедницата на споделување се покажало како добитна комбинација.

5. Икарија, Грција

Секое трето лице на овој грчки остров доживува деведесетта, благорадение на исхраната која се состои од овошје, компир, маслинки, како и медитеранските навики. Жителите на Икарија заминуваат доцна на спиење, но тоа го надополнуваат со дневна дремка, а хронични болести тука скоро и да не постојат.

https://www.instagram.com/p/BimaMrQAxmT/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply