Бројот на нови случаи во Куманово бележи тренд на благо опаѓање

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (20.09 – 27.09) бројот на нови случаи во Куманово е 229, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 979, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 229 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

Тоа е благо намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 273 случаи. Сепак пред точно седум дена бројот на активни случаи бил помал и изнесувал 914.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 13 лица од Куманово и Липково, еден помалку во споредба со минатата недела.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник, вкупно 44.

Loading...

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.792 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 435 лица од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 11.156 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второ место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 81.913 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 12.337 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје и Тетово.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 189.887 случаи, од кои во моментот се активни 12.337. Излекувани се 170.956, а починати 6.594 пациенти.

Loading...

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk