Британија: Русите во големи проблеми по нападот на мостот

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Велика Британија во утринскиот разузнавачки извештај пишува за руските логистички проблеми кои се зголемија по оштетувањето на мостот на Крим.

Loading...

„Логистичките проблеми со кои се соочуваат руските сили во јужна Украина веројатно станаа поакутни по оштетувањето на мостот на Крим на 8 октомври 2022 година“, пишуваат Британците. Оттаму додаваат дека мостот веќе се обновува, а сообраќајот е делумно нормализиран.

Но огромен број камиони го чекаат преминот во близина и тоа е голем проблем за Русите.

„Руските сили кои оперираат во јужна Украина веројатно го зголемуваат логистичкиот проток на снабдување преку Мариупол во обид да компензираат за намалениот капацитет на Кримскиот мост“, пишуваат Британците.

Имајќи предвид дека ситуацијата во Керсон е напната, а патиштата за снабдување преку Крим се деградирани, копнената линија на комуникација преку регионот Запорожје станува поважна за одржливоста на руската окупација, додаваат Британците.

„Градот Мелитопољ е крстосница на патишта за снабдување и затоа таму има големо присуство на руската авијација“, се додава на крајот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.