Британците се собираат пред Бакингемската палата

Сподели со своите пријатели

Голем број Британци се собираат пред Бакингемската палата за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета, која почина денеска на 96-годишна возраст по 70-годишно владеење.

Loading...

На видеата пред палатата голем број граѓани се собраа во голема жалост, а многумина во солзи ја изразија својата тага.

Ја наследи нејзиниот син, принцот Чарлс, а знамињата беа спуштени на половина копје.

Се очекува наскоро да се обрати и новата британска премиерка Лиз Трас.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами