Брачен пар пронашол закопано богатство во својот двор

Сподели со своите пријатели

Детскиот сон за пронаоѓање на скриено богатство се остварил на еден пар од Њујорк кога во дворот на својата куќа пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и пари.

Се испоставило дека 52.000 долари кои биле закопани во дворот припаѓаат на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години.

Богатството во дворот Метју и Марија Емануел го пронашле кога изнајмиле работници да им насадат нови дрвја. Досега живееле во куќата четири години несвесни што се крие во нивната градина.

Дури кога еленот ги изел остатоците од старото дрво здогледале метална кутија.

Принц од Брунеи тежак 20 милијарде долара тражи девојку (фото)

Loading...

– Не сфативме дека се работи за сег, мислевме дека внатре има некои жици за струја, објаснува Метју.

Работниците ја извлекле кутијата, в внатре биле пронајдени златни прстени, вклучувајќи и свршувачки прстен, банкноти од по 100 долари и благородни камења.

– Беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адреса од нашите соседи. Им тропнав на вратата и прашав дали некој ги ограбил, рекоа дека ги ограбиле. Госпоѓата беше во шок, открива и додава дека полицијаците потоа и рекле дека по грабежот повеќе никогаш нема да ги видат своите работи.

Грабежот се случил во 2011 година, а соседите на кои им е вратен накитот не сакале да го откријат своето име и презиме.

Leave a Reply