Бојкот на работниците во Амазон ширум светот

Сподели со своите пријатели

Вработените во компанијата Амазон во Европа одржаа протест предизвикан со повеќегодишните лоши услови за работа во наведената компанија.

Се поголем број работници, гејмери и купувачи планираат во текот на следната недела да го бојкотираат Амазон поради лошиот однос кон работниците, особено оние на ниските работни позиции, кои во повеќе наврати ги киртикуваат тешките услови за работа во фирмата. За да го свртат вниманието на компанијата на оваа тема, организаторите на протестите се надеваат дека нивниот бојкот ќе направи „дупка“ во компанијата на Prime Day, т.е. еден од најисклучителните денови во поголемит екомпании кои служат за порачки на стока.

Како вовед во бојкотот, кој добива се поголема поддршка на социјалните мрежи, работниците на Амазон во Шпанија орагнизираа генерален штрајк, кој би требало да трае недела дена. Работниците во другите филијали на Амазон во Европа исто така се приклучија на бојкотот, вклучувајќи ги оние во Италија, Франција, Англија, Германија и Полска.

За време на протестите во Берлин, демонстрациите ги посетиле работниците на Амазон, членови на синдикати и левичарски активисти. Работниците од Полска и Шпанија им се приклучуваат во протестот, наведувајќи дека причината е експлоатацијата и лошите услови за работа.

 

Loading...

 

Претходните години работниците во складиштата на Амазон повеќе пати протестираа против долгото работно време, тешките работни услови и напнатиот период за време на Prime Day и Black Friday.

Работниците на Амазон во САД исто така трпат брутални работни услови последните години, вклучувајќи работа под високи температури, додека работниците од обезбедувањето работат без надокнада и под присилба на надредените на вработените да им забранат паузи за тоалет.

Основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос кој од јули годинава важи за најбогат човек во модерната историја, чија нето вредност надминува 150 милијарди долари исто така е цел на критики, како од страна на работниците, така и од медиумите, упатени на неговиот начин на раководење со Амазон и другите бизниси.

И покрај игнорирањето на барањата на работниците, како наведува Форбс, земајќи ја предвид моменталната клима на јавно мнение во САД, која во последно време е благонаклонета на синдикатите, на шефот на Амазон ќе му биде полесно да размисли за неговите бизниси и модели на работен однос.

Leave a Reply