Богатството на британската кралица проценето на 400 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Кралицата Елизабета Втора од Велика Британија (94) сè уште е на престолот на кој се воздигна во 1952 година. Таа е сè уште витална и здрава, а во последните 68 години за време на нејзиното владеење, Елизабета сруши дури шест светски рекорди и нејзиното име е во Гинисовата книга на рекорди.

Loading...

Елизабета е кралица која сè уште владее со монархијата, а исто така е и најбогатата кралица на светот. Според најновите информации, Елизабета е „тешка“ со нешто помалку од 400 милиони долари. Нејзиното богатство е во накит, уметнички дела и недвижнини.

Елизабета го собори рекордот по бројот на земји во кои таа моментно е „главна“. Таа нема политичка моќ, но таа е кралица на 16 земји на Комонвелт.

Четвртиот рекорд што го држи е повторно во пари – нејзиното лице е на банкноти од 35 земји низ целиот свет. Зад неа се кралицата Викторија, која ги краси банкнотите на 21 земја, а потоа и Џорџ V, кој беше на 19 од нив.

Извор: Локално.мк

Leave a Reply