Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција без одлагање да го потврди приемот на Шведска во НАТО.

Loading...

Блинкен рече дека оваа нордиска земја веќе презела значајни чекори за решавање на барањата со кои официјална Анкара го условува членството на Шведска во Северноатлантската алијанса, пренесува Ројтерс.

Американскиот државен секретар ги отфрли тврдењата дека администрацијата на Бајден се согласила да и продаде борбени авиони Ф-16 на Турција во замена за Турција да го прифати членството на Шведска во НАТО, иако, како што вели, Конгресот на САД бил за таков договор.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во северниот шведски град Лулео, Блинкен рече дека Вашингтон ќе продолжи да работи на завршување на процесот на пристапување на Шведска во Алијансата до самитот на НАТО во средината на јули.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

„Сметаме дека дојде време за прием на Шведска и дека нема причина да не се направи напредок во тој процес. Турција изрази легитимна загриженост, но задоволен сум што процесот ќе биде завршен во наредните недели. Не се сомневам дека може да биде така и го очекуваме“, изјави Блинкен.