Бизнисмен запалил милион долари за да не плати алиментација, а потоа следувал ШОК

Сподели со своите пријатели

Кога веќе нема надеж дека односите меѓу сопружниците можат да се подобрат и љубовта да се врати, обично има само еден излез, развод.

Loading...

Тогаш многумина ја започнуваат трката за пари. Па така, еден Канаѓанец решил да запали над еден милион долари за неговата поранешна сопруга да не добие ниту еден цент. Но, тој не помислил дека тоа ќе го чини прескапо.

И должел 15.000 долари за алиментација, па решил да ги исплати на несекојдневен начин (ВИДЕО)

Бизнисменот Брус МекКонвил (55) бил осуден на 30 дена затвор, откако му рекол на судијата дека уништил еден милион американски долари за да избегне плаќање алиментација за дете кое, по тужбата за развод, заминало кај неговата мајка.

МекКонвил, кој се кандидираше за градоначалник на Отава пред неколку години, му рекол на судијата на Врховниот судот дека собрал пари, во вкупен износ од 1.050.000 долари, од шест различни банкарски сметки.

„БРАЧЕН ЗАТВОР“: Место во кој за 300 години има само еден развод

Парите, тврди тој, од сметката кревал 25 пати и тој ги приложил трансакциските сметки како доказ. Потоа рече дека ги запалил парите во два наврати, најпрво 743,000 американски долари, а потоа останатите 296.000.

„Како уништувањето на повеќе од милион долари допринесува за вашето дете“, праша судијата Кевин Филипс, кој на почетокот не верувал во тоа што го направил Маконвил со парите.

Loading...

Образложението на Брус било дека го сторил тоа затоа што бил фрустриран од разводот.

Индиец сака да се разведе по првата брачна ноќ, откако невестата го симнала велот

– Јас не сум материјалист. Јас секогаш оставав одредена сума пари настрана, внимавав кога и колку трошев, поради што веќе 31 година мојата компанија успешно работи – рекол Меконвил.

Сепак, МекКонвил сепак го стигнала казната. Поточно, судијата рече дека бизнисменот „намерно ги опструирал судот и спроведувањето на правдата“.

„Верувам дека она што го направивте беше казниво затоа што вие намерно го сторивте тоа и директно ги поткопавте интересите на вашето дете “, заклучил судијата Филипс.

Забременила по секс со ескорт, ја тужила агенцијата, а судската одлука ја шокирала

Покрај тоа што е зад решетки, Брус МекКонвил сепак ќе мора да плати алиментација.

Leave a Reply